ТРАМП ПОТВРДИ: Се укинува УСАИД, се преиспитува учеството на САД во ОН

53
EPA-EFE/Mohammed Badra

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потврди дека ќе ја укине американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД), објави Ројтерс.

Функционирањето на агенцијата беше доведено во прашање откако администрацијата на Трамп објави дека размислува за спојување на УСАИД со Стејт департментот, со цел да го намали персоналот на агенцијата и да ги усогласи нејзините трошоци со политиката на Трамп „Америка на прво место“, соопшти агенцијата.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека УСАИД е управуван од „куп радикални лудаци“ и дека е лошо управуван.

Тој додаде дека ќе ги „исфрли лудаците“ од агенцијата пред да се донесе одлука за нејзината иднина.

Трамп во неделата го пофали шефот на Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ) Илон Маск за суспензијата на двајца врвни безбедносни функционери на УСАИД, откако тие се обидоа да го спречат пристапот на ДОГЕ до системите на агенцијата Маск утринава изјави дека УСАИД ќе биде затворена и дека Трамп се согласува со него.

Исто така, вечерва американскиот претседател потпиша извршна наредба за проценување на учеството на САД во УНЕСКО и ОН во целина.

ИЗДВОЕНИ