Синот на американскиот претседател Доналд Трамп помладиот слета во Белград, а според медиумите се очекува да се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Трамп Џуниор веќе го посети Белград, во септември 2024 година, за време на екот на кампањата за претседателските избори во САД. Потоа организираше вечера со претставници на српскиот бизнис во еден белградски хотел.
Како што тогаш пишуваше порталот Nova.rs, една од темите на разговор биле инвестициите на Трамп низ светот, пред се во областа на недвижностите, хотелите и дигиталните медиуми, како и условите за водење бизнис во Србија и САД.
Семејството Трамп-Кушнер планира да изгради хотел во Србија под брендот Трамп, на местото на зградата на Генералштабот во Кнез Милош.
Доналд Трамп Џуниор е претприемач и извршен потпретседател во Организацијата Трамп.