Рускиот претседател Владимир Путин го коментираше повикот на американскиот лидер Доналд Трамп да ги поштеди украинските војници во регионот Курск, велејќи дека нивните животи ќе бидат загарантирани доколку го положат оружјето и се предадат.
– Во случај да го положат оружјето, на украинските војници во регионот Курск ќе им се гарантира живот и достоинствен третман – одговори Путин кратко по барањето на Трамп да ги поштеди животите на украинските војници.
Тој исто така рече дека за да го исполни повикот на Трамп, Киев мора да издаде наредба на својата армија во регионот Курск да се предаде.
Тој додаде дека украинските сили извршиле бројни злосторства врз руското цивилно население.
Путин зборуваше и за односите меѓу Москва и Вашингтон, велејќи дека Трамп и американската администрација прават се за да ги обноват односите меѓу Русија и САД на состанокот на Советот за безбедност.
Да потсетиме дека американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека вооружените сили на Украина се целосно опколени во областа Курск и побара од Владимир Путин да им ги поштеди животите.