Трамп по оставката на Трудо: Кога Канада би се споила со САД, каква голема нација би била тоа

64

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social откако канадскиот премиер Џастин Трудо поднесе оставка.

„Многу луѓе во Канада би сакале да бидат 51-та земја. Соединетите Држави повеќе не можат да ги толерираат огромните трговски дефицити и субвенции кои и се потребни на Канада за да опстане. Џастин Трудо го знаеше ова и поднесе оставка. Доколку Канада се споеше со САД, немаше да има царини, даноците ќе беа многу помали, а тие ќе беа ТОТАЛНО БЕЗБЕДНИ од опасностите на руските и кинеските бродови кои постојано ги опкружуваат, каква голема нација ќе беше тоа!!!“, напиша Трамп, пренесе Индекс.

ИЗДВОЕНИ