Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по денешниот телефонски разговор со рускиот колега Владимир Путин.
„Мојот денешен телефонски разговор со претседателот Путин беше многу добар и продуктивен“, рече тој во објавата на неговата платформа „Truth Social“.
„Се договоривме за итен прекин на огнот на сите енергетски и инфраструктурни објекти, со разбирање дека ќе работиме брзо кон целосен прекин на огнот и, на крајот – крај на оваа ужасна војна меѓу Русија и Украина“, додаде тој, според Скај њуз.
Се чини дека американскиот претседател ќе мора да добие согласност од Украина за 30-дневен прекин на нападите врз енергетската инфраструктура.
Трамп, исто така, повтори дека војната никогаш немаше да започне ако тој беше претседател во 2022 година кога избувна конфликтот.
„Се разговараше за многу елементи од мировниот договор, вклучувајќи го и фактот дека илјадници војници се убиени и дека и претседателот Путин и претседателот Зеленски би сакале да видат крај на војната.
„Тој процес сега е во полн ек и се надеваме, дека во име на хуманоста, ќе ја завршиме работата!“, рече Трамп.