Канада и САД. Тоа навистина би било нешто. Тие треба да бидат земја, им рече Трамп на новинарите и истакна дека и на Канаѓаните им се допаѓа идејата да бидат граѓани на 51-та сојузна држава.
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп во вторникот повторно предложи додавање на соседна Канада како 51-ва американска држава. На социјалната мрежа TruthSocial, тој сподели две илустративни мапи кои веќе ja прикажуваат Канада како дел од САД. На едната е карта на САД и Канада со испишано „Соединети Американски Држави“ преку двете земји, а друга објава ги прикажува двете земји покриени со американското знаме.
– О, Канада! – напиша Трамп, мислејќи на канадската национална химна со вистинското име „О Канада“.
— Donald J. Trump Posts From His Truth Social (@TrumpDailyPosts) January 8, 2025
Своите ставови ги искажа на прес-конференција во неговото одморалиште Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида, пишува Fox News.