Трамп: „Не сум сигурен дека воопшто треба да трошиме за НАТО“

32
EPA-EFE/WILL OLIVER

Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот рече дека не е сигурен дека Сoединетите држави воопшто треба да потрошат нешто за НАТО, велејќи им на новинарите дека САД ги штитат членките на Северноатлантскиот воен сојуз, но тие „не нѐ штитат нас“.

Трамп ги повторил своите претходни барања другите членки на трансатлантската алијанса да потрошат 5 отсто од својот бруто домашен производ (БДП) за одбраната, што е огромен пораст од сегашната цел од 2 отсто и ниво на кое ниту една земја на НАТО, вклучително и Соединетите држави, во моментов не го достигнува.

„Не сум сигурен дека треба да трошиме воопшто нешто, но секако би трбало да им помогнеме. Ние нив ги заштитуваме. Тие не нѐ штитат нас. Тие треба да ги зголемат трошоците од 2 на 5 проценти“, им рекол Трамп на новинарите по потпишувањето на еден од извршните укази во Овалната соба.

Вашингтон финансира 15,8 отсто од годишните расходи на 32-члената воена алијанса од околу 3,5 милијарди долари. Тоа е најголемиот удел, покрај германскиот, според анализата на НАТО за 2024 година. Индиректниот финансиски придонес на САД во алијансата, која ги вклучува САД, Канада и повеќе од 20 европски земји, вклучува воени сили, но не го сочинува делот од годишниот буџет на организацијата.

Вкупниот буџет за одбрана на САД го надминува оној на другите членки на НАТО и изнесува 816,7 милијарди долари во 2023 година.

Рубио ја изразува посветеноста на САД кон НАТО

Новиот државен секретар кого го именувше републиканскиот повратник во Белата куќа, Марко Рубио, разговараше со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во средата и ја истакна и зајакна посветеноста на САД кон алијансата, а двајцата, исто така, „разговараа за важноста да се има способни одбранбени сојузници и вистинско споделување на товарот“, соопшти Стејт департментот. во четвртокот.

Претставници на НАТО и аналитичари веруваат дека Алијансата нема да го послуша предлогот на Трамп за толку големо зголемување на трошоците за одбрана, но најверојатно ќе се согласи да ја надмине сегашната цел.

Аналитичарите велат дека износот од 5 проценти би била политички и економски невозможна за речиси сите членки. Сепак, новата цел најверојатно ќе биде договорена на самитот на НАТО во Хаг во јуни, поттикната од стравувањата дека Русија наводно би можела да нападне земја на НАТО по нејзината инвазија во Украина, но и поради инсистирањето на Трамп, изјавија официјални лица.

Некои очекуваат договор за целта на воените трошоци од околу 3 отсто од БДП. Но, дури и тоа би било тешко остварливо за многу членки, кои одвај ја исполнуваат или воопшто не ја исполнуваат сегашната цел за трошење од 2 отсто во овој момент, една деценија по поставувањето на овој износ. Осум членки на НАТО не ја исполнуваат сегашната цел.

ИЗДВОЕНИ