Трамп не се шегува за трет мандат!

136

Американскиот претседател Доналд Трамп отворено зборуваше за можноста да се кандидира за трет мандат како претседател на САД, што е противуставно. Во интервју за NBC, тој рече дека „не се шегува“ кога зборува за можноста за трет претседателски мандат и додаде дека е „прерано да се размислува за тоа“.

„Многу луѓе сакаат да го сторам тоа“, рече Трамп. „Но, јас воглавни им велам дека ни претстои уште долг пат, знаеш дека сме само на почетокот на мандатот? Јас сум фокусиран на она што е пред мене сега“, додаде тој во еден од најдиректните коментари досега за можноста за трет мандат.

На прашањето дали навистина сака уште еден мандат, Трамп одговори: „Сакам да работам“. На прашањето дали е сериозен, тој рече: „Не се шегувам. Но, не дека не… Сè уште е рано да се зборува за тоа“.

На прашањето дали веќе гледа конкретни планови што ќе му овозможат да се кандидира за трет мандат, тој одговори: „Постојат начини на кои тоа може да се направи“.

Што вели американскиот Устав?

Промената на Уставот за да се отстранат ограничувањата на претседателските мандати е процес кој е исклучително тежок – потребно е двотретинско мнозинство во Конгресот или поддршка од две третини од државите за да се свика уставна конвенција, а потоа ратификација во три четвртини од државите.

Републиканската партија на Трамп ги контролира двата дома на Конгресот, но го нема потребното мнозинство. Покрај тоа, Демократската партија контролира 18 од 50 државни законодавни тела.

Енди Оглс, републиканец од Тенеси во Претставничкиот дом, во јануари воведе резолуција со која се повикува на уставни амандмани за да му се дозволи на претседателот да служи најмногу три мандати – под услов тие да не се последователни.

Во меѓувреме, блискиот соработник на Трамп, Стив Банон, изјави во интервју за News Nation дека верува оти Трамп повторно ќе се кандидира и ќе победи во 2028. Во истото интервју, тој исто така рече дека „постојат различни начини“ на кои може да се заобиколи уставната граница од два мандата.

ИЗДВОЕНИ