Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека на американските воени и комерцијални бродови треба да им се дозволи бесплатно да патуваат низ Панамскиот и Суецкиот канал.
„На американските бродови, воени и комерцијални, треба да им се дозволи бесплатно да патуваат низ Панамскиот и Суецкиот канал! Тие канали не би постоеле без Соединетите Американски Држави“, рече Трамп на својата социјална мрежа „Вистина“.
Тој додаде дека побарал од американскиот државен секретар Марко Рубио „веднаш да се погрижи за оваа ситуација“.
Панамскиот канал е најкратката морска рута помеѓу Тихиот и Атлантскиот океан. Ископано на Панамскиот Истмус помеѓу Северна и Јужна Америка, околу 40 отсто од американската трговија поминува низ него.
Соединетите Американски Држави со децении имаа ексклузивна контрола врз Панамскиот канал, поради главната улога во неговата изградба. Меѓутоа, по потпишувањето на договорот Торијос-Картер во 1977 година, Вашингтон и го отстапи суверенитетот над каналот на Панама, што жителите на таа земја го нарекуваат историска „пресвртница“, јавува Гласот на Америка.