Американскиот претседател Доналд Трамп ја бранеше својата одлука да воведе царини за Канада, Мексико и Кина.
„Веќе нема да бидеме глупава земја“, напиша тој на својата социјална мрежа „Truth“.
Алудирајќи дека овој потег може да доведе до повисоки цени за потрошувачите во САД, тој напиша: „Ќе биде ли болно? Да, можеби (а, можеби и не).
„Но, ние ќе ја направиме Америка голема повторно и ќе вреди за цената што треба да се плати. Вие произведувате во САД и нема царини! Зошто САД да трошат милијарди субвенционирајќи други земји и зошто тие земји да плаќаат само мал дел од она што американските граѓани плаќаат за лекови и фармацевтски производи, на пример?“ додаде тој.
„Ова ќе биде златното доба на Америка“, напиша тој.
Трамп потпиша извршна наредба за воведување царини од 25 отсто за стоки од Мексико и Канада, како дополнение на царина од 10 отсто за кинеските производи. Тарифите ќе важат и за увоз на енергија од Канада.