Извршниот директор на Tesla и милијардер на SpaceX, Илон Маск, си обезбеди позиција во администрацијата на Доналд Трамп, новиот американски претседател, со донирање 277 милиони долари во неговата претседателска кампања, но и покрај тоа неговиот сон за канцеларија во Белата куќа нема да биде исполнет.
Наместо тоа, канцеларијата на Маск ќе биде преку улицата од Белата куќа во зградата Ајзенхауер, како што одлучи Сузи Вајлс, шефица на кабинетот на Доналд Трамп.
Маск ќе го води новиот Оддел за владина ефикасност (DOGE) на Трамп, пренесува Pride. Самиот Трамп потврди дека Маск нема да добие канцеларија во близина на неговиот Овален кабинет.
Trump isn’t giving Elon Musk the West Wing office of his dreams & the internet is roasting him
Elon Musk may be heading up DOGE, but he won’t be doing it from the White House! https://t.co/4mjuEA7rBQ
— PRIDE.COM (@pride_site) January 28, 2025
Политичкиот аналитичар Доминик Мајкл Трипи објави дека шфицата на кабинетот на Белата куќа, Сузи Вајлс, која Трамп ја нарече „ледената дама“, му ускратила на Маск пристап до Трамп и место во Западното крило.
Аксиос исто така објави дека Вајлс сака да создаде зона без драми и нема трпение за „кралот на драмата“, како што го нарекуваат милијардерот Маск.
“Не ги поздравувам луѓето кои сакаат да работат сами или да бидат ѕвезди. Мојот тим и јас нема да толерираме интриги, несоодветна контрола или драма. Ова е контрапродуктивно за мисијата”, изјави Сузи Вајлс.