Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти ќе биде постигнат целосен прекин на огнот „многу наскоро“ за да се стави крај на војната меѓу Русија и Украина.
„Наскоро ќе имаме целосен прекин на огнот во руско-украинската војна“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба, пренесува Си-Ен-Ен.
Според него, „додека зборуваме“, се преговара за договор за поделба на земјиштето меѓу двете држави.
„Ќе постигнеме договор, тој се преговара токму сега. Договорот во однос на поделбата на земјата и слични работи се преговара додека зборуваме“, рече Трамп.
Тој нагласи дека ќе биде упорен да инсистира војната да заврши, со цел да се запaт убиствата и да се зачуваат парите што САД ги потрошиле за воена помош за Украина.
Забелешките на Трамп доаѓаат откако Русија и Украина во петокот се обвинија меѓусебно за минирање на руска пумпна станица за гас во граничната област каде што украинските војници се повлекуваат, во време на разговори за предложениот мораториум поддржан од САД на нападите врз енергетската инфраструктура.