Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека наредил воздушни напади врз цели на ИСИС во Сомалија. Американската војска изврши координирани воздушни напади против оперативци на Исламска држава во Сомалија, први напади во оваа африканска земја за време на вториот мандат на претседателот Доналд Трамп.
Секретарот за одбрана Пит Хегсет во саботата изјави дека нападите, извршени од командата на американската војска во Африка, биле директно нарачани од Трамп и координирани со сомалиската влада.
Првичната проценка на Пентагон покажа дека се убиени „повеќе“ оперативци. Пентагон соопшти дека проценува дека нема повредени цивили во нападите.
Трамп во објава на социјалните мрежи рече дека висок командант на ИСИС, или главниот планер на нападот, и регрути биле цел на операцијата.
„Во нападите се уништени пештерите каде што живееја и убиени се многу терористи, а притоа да не им наштетат на цивилите на кој било начин. Нашата војска со години ги гаѓаше организаторите на сите напади на ИСИС, но Бајден и неговите соработници не дејствуваа доволно брзо за да го направат тоа. Јас го направив тоа“, рече Трамп и додаде „пораката до Исламската држава и секој што би ги нападнал Американците е дека ќе ве најдеме и ќе ве убиеме“.