Трамп најави нова платформа за крипто валути

226

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, кој повторно се кандидира за оваа позиција на ноемвриските избори, објави нова платформа за криптовалути „The DeFiant Ones“ во сопственост на неговата организација.

Името е игра на зборови, бидејќи може да се прочита како „пркосен“, додека DeFi е популарна кратенка за децентрализирани финансии.

Трамп ја сподели оваа информација со своите 7,5 милиони следбеници на мрежата „Truth Social“.

„Предолго, просечниот Американец беше под притисок од големите банки и финансиските елити. Време е да заземеме став – заедно“, напиша Трамп.

За неколку минути и неговиот син Доналд Трамп Јуниор ја сподели објавата со своите 12 милиони следбеници на платформата Икс (Твитер).

Објавата на Трамп вклучуваше линк до Телеграм каналот наречен „The DeFiant Ones“, кој имаше околу 29.000 следбеници од четвртокот наутро, пренесува CNBC.

Доналд Трамп ја поддржа индустријата за криптовалути неколку пати во неговата претседателска кампања.