Tрамп најави неколку иницијативи за зајакнување на националната одбрана, се отвора нова канцеларија – „ќе ја воскреснеме индустријата“

328

Во својот прв говор на заедничката седница на Конгресот во неговиот втор мандат, претседателот Доналд Трамп најави неколку иницијативи за зајакнување на националната одбрана во САД и во странство.

Трамп рече дека САД ќе ја „воскреснат“ својата „бродоградежна индустрија, вклучително и комерцијална бродоградба и воена бродоградба“.

– И за таа цел, вечерва најавувам дека ќе создадеме нова канцеларија за бродоградба во Белата куќа и ќе понудиме посебни даночни олеснувања за да ја вратиме оваа индустрија дома во Америка, каде што и припаѓа. Порано изградивме толку многу бродови. Веќе не правиме многу од нив, но ќе ги направиме многу брзо, многу брзо – рече Трамп.

Тој додаде дека ќе ја подобрат националната безбедност со „враќање на Панамскиот канал“.

– Баш денеска голема американска компанија објави дека ги купува двете пристаништа околу Панамскиот канал и многу други работи поврзани со Панамскиот канал и неколку други канали. Панамскиот канал го изградија Американците за Американците, а не за другите. Но, други би можеле да имаат корист од тоа, рече тој, додавајќи дека каналот е изграден „по огромна цена на американска крв и богатство“.

При изградбата на каналот загинале 38 илјади работници, а причина за смртта биле каснувања од змии и комарци, како и маларија.

Трамп рече дека каналот е „подарок“ од администрацијата на Џими Картер „за еден долар“ и дека договорот е „многу сериозно прекршен“.

– Не и го дадовме на Кина, и го дадовме на Панама и го враќаме назад. – додаде тој.

Тој зборуваше и за Гренланд и рече дека ако сакаат да се приклучат на САД, „добредојдени се“.

– Силно го поддржуваме вашето право да ја одредите сопствената иднина, а доколку сакате, ви посакуваме добредојде во Соединетите Американски Држави. Гренланд ни треба за национална безбедност, па дури и меѓународна безбедност. Работиме со сите вклучени за да се обидеме да го добиеме. Ние ќе се грижиме за вас. Ќе ве збогатиме. И заедно ќе го однесеме Гренланд до височини какви што никогаш не мислевте дека е можно – рече претседателот.

Трамп, исто така, го објави својот план за изградба на противракетен одбранбен штит „златна купола“ за заштита на САД.

ИЗДВОЕНИ