Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека Пентагон му доделува договор на „Боинг“ за производство на најсофистицираниот борбен авион на американското воено воздухопловство, кој ќе се вика „Ф-47“, како многу неопходен поттик за оваа компанија која подолго време се бори со проблеми, објави Ројтерс.
Трамп го опиша новиот авион како „нешто што никој досега не го видел“.
На објавата на Белата куќа ѝ претходеше жестока битка меѓу „Боинг“ и „Локхид Мартин“ за престижните права за изградба на авионот што ќе биде столбот на системот за воздушна доминација на следната генерација на Америка (NGAD).
„Ќе се вика „Ф-47“, генералите го избраа името“, рече претседателот Доналд Трамп.
За време на официјалното објавување во Овалната соба, Трамп покажа постер со првиот рендер на дизајнот на Ф-47, на кој се гледа напредниот труп и остро извлечените крила наназад, но не беа откриени дополнителни структурни детали.
WOAH. Trump just announced that a secret F-47 has been flying the skies for 5 years, launched in his first administration, and now ready for adoption by the U.S. Air Force.
It’s unmatched by any nation in the world.
The Commander-in-Chief is back. 🇺🇸 pic.twitter.com/f8kaD20P0A
— johnny maga (@_johnnymaga) March 21, 2025
Програмата „Следната генерација воздушна доминација“ (НГАД) ќе го замени Ф-22 Раптор на Локхид Мартин, првиот борбен авион од петта генерација во светот.
„Ројтерс “известува дека NGAD е авион со екипаж дизајниран да влезе во борба заедно со беспилотни летала.
Дизајнот на авионот останува строго чувана тајна, но најверојатно ќе вклучува стелт, напредни сензори и најсовремени мотори.
Трамп рече дека новиот авион ќе се вика Ф-47 и додаде дека авионот ќе биде понуден на продажба во странство, но не прецизираше цена.
Акциите на „Боинг“ по оваа вест пораснаа за пет отсто, додека вредноста на Локхид Мартин падна за речиси шест отсто, пренесува Танјуг.