Откако изгоре дел од париската катедрала на 15 април 2019 година, целиот свет учествуваше во финансирањето на нејзината реконструкција. Нотр Дам во Париз беше официјално отворен вчера со доаѓањето на светската елита, а претседателот Макрон успеа да собере државници на едно место кое вообичаено не го гледаме заедно. Посебно внимание привлече доаѓањето на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој пред катедралата беше срдечно пречекан од брачната двојка Макрон, по што Трамп продолжи кон своето место во црквата.
Заедно со семејството Макрон, Доналд Трамп беше срдечно пречекан од принцот Вилијам, британскиот престолонаследник и внук на кралицата Елизабета Втора, чијшто Трамп беше голем обожавател.
„Имаме одличен однос, се смеевме и се забавувавме. Нејзините луѓе велат дека таа не се забавувала толку многу 25 години. Тогаш бев критикуван поради тоа бидејќи рекоа дека премногу се забавуваме“, коментираше Трамп во 2019 година по посетата на Лондон.
Пријателството со британското кралско семејство продолжи до денес, особено кога Трамп почна да ги озборува принцот Хари и Меган Маркл, а сега покажа пријателски односи и со принцот Вилијам, пишува tportal.
На средбата со британскиот престолонаследник, Трамп по ракувањето рече: „Ух, колку добро ракување!“
„Овoj овде е голем човек“, рече Трамп, покажувајќи кон принцот Вилијам и велејќи им на толпата: „Поздрав до сите. Тој прави одлична работа!“
Срдечната средба е прва официјална средба меѓу член на кралското семејство и новоизбраниот претседател на САД откако Трамп ја победи Камала Харис минатиот месец.
@thetelegraph “Big man, this one!”: The Prince of Wales and Donald Trump meet following the official reopening of Notre-Dame cathedral in Paris. The encounter between the Prince and Mr Trump marks the president-elect’s first meeting with a member of the Royal family since he won the US election. #princewilliam #donaldtrump #princeofwales #fyp #paris #notredame ♬ original sound – The Telegraph