Трамп му испратил порака на Зеленски: Украинскиот претседател повеќе не се колеба – сфатил колку САД сториле за Украина

2903

Пратеникот за Блискиот Исток на американскиот претседател, Стив Виткоф, денеска изјави дека очекува следната недела да биде потпишан договор за пристап на САД до украинските наоѓалишта на ретки минерали.

Виткоф изјави за Си-ен-ен дека американскиот претседател Доналд Трамп му испратил порака на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој, како што рече, „повеќе не се колеба по ова прашање бидејќи сфатил колку САД направиле за Украина со тоа што и дале помош“.

Американскиот пратеник потсети дека Зеленски се поколеба пред една недела во својата одлука да потпише договор со кој украинските наоѓалишта на ретки минерали ќе им бидат отстапени на САД, објави Ројтерс.

Трамп во саботата рече дека сака Украина да врати милијарди долари што Соединетите држави ги испратија во земјата за да помогнат во одбраната од руската инвазија со откажување од нејзините ретки метали и нафта.

ИЗДВОЕНИ