Трамп: Мојата одлука за „ТикТок“ ќе биде донесена во блиска иднина

82

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека одлуката на Врховниот суд на САД, кој денеска го потврди законот што го штити работењето на кинеската компанија „ТикТок“, „беше очекувана и мора сите да ја почитуваат“.

„Мојата одлука за „ТикТок“ ќе биде донесена во блиска иднина, но треба да имам време да ја разгледам ситуацијата“, рече Трамп во пораката на неговата платформа Truth Social.

Забраната на платформата „ТикТок“ во САД треба да стапи на сила во недела, на 19 јануари, освен ако кинеската компанија „БајтДанс“ (ByteDance) не ја продаде својата американска компанија до тој датум.

Според одлуката на Врховниот суд, законот, кој минатата година беше усвоен со големо мнозинство претставници во Конгресот, и републиканци и демократи, не го прекршува Првиот амандман на Уставот на САД, кој ја штити слободата на говорот.

Трамп, кој ја презема функцијата на 20 јануари, се противи на забраната на „ТикТок“ и верува дека оваа апликација му помогнала да привлече млади гласачи во претседателската трка во 2024 година, објави Ројтерс претходно денеска.

Новиот советник за национална безбедност на Трамп, Мајк Волц, во средата изјави дека новоизбраниот претседател има намера да преземе чекори за зачувување на „ТикТок“ кога ќе се врати на функцијата, објави Ројтерс.

ИЗДВОЕНИ