Трамп: Крим ќе остане руски! Ако Украина не зборуваше за влез во НАТО, можеби немаше да има војна!

79

Крим ќе остане дел од Русија, рече Доналд Трамп во интервју за Тајм, кое беше објавено денеска, а направено е на 22 април.

Во него, американскиот претседател повторно ја обвини Украина за почетокот на војната.

– Мислам дека причината за почетокот на војната беше кога (Украинците) почнаа да зборуваат за приклучување кон НАТО се вели во интервјуто.

Тој рече дека „Крим ќе остане во Русија“, осврнувајќи се на нелегалната анексија на тој полуостров во 2014 година.

– Зеленски го разбира тоа, и сите разбираат дека (Крим) е со нив долго време. Беше со нив долго пред да дојде Трамп. Повторно, ова е војната на Обама. Ова е војна што никогаш не требаше да се случи. Јас ја нарекувам војна што никогаш не требаше да се случи, рече тој.

Кога го прашаа дали е можно примирје додека Путин е претседател на Русија, тој одговори:

– Можно е, ако јас сум претседател, дури и многу можно. Ако некој друг беше претседател, нема начин. Може ли Путин да постигне мир? Да, мислам дека ќе постигнат. Мислам дека Путин би претпочитал да го стори тоа поинаку. Мислам дека тој би претпочитал да ја преземе целата работа (Украина, оп. а.). И мислам дека јас сум единствениот што може да преговара за ова. И мислам дека поминавме долг пат. Имавме многу добри разговори и сме многу блиску до договор. И не верувам дека некој друг би можел да го постигне тој договор, вели Трамп.

Според извештаите од преговорите, мировните планови што Трамп сака да ги спроведе би му дале на Владимир Путин околу 20 проценти од територијата на Украина.

ИЗДВОЕНИ