„Трамп ќе ја натера Украина да се предаде“ – Камала Харис: Ако тој победи на изборите, Путин ќе седне во Киев

45
EPA-EFE/JEFFREY PHELPS

Камала Харис, демократскиот кандидат за претседател на САД и актуелен потпретседател, рече дека рускиот лидер Владимир Путин „ќе седне во Киев“ доколку победи републиканскиот противник Доналд Трамп.

„Трамп ќе ја принуди Украина да се предаде во борбата против агресорот, нарушувајќи го нејзиниот суверенитет. Ако Доналд Трамп стане претседател, Владимир Путин ќе седи во Киев“, рече Харис за време на предизборниот митинг во Мичиген.

Според неа, Трамп „дозволува лесно да се манипулира со ласкање и љубезност“.
Таа тврди дека нејзиниот главен ривал во изборната трка е подготвен да капитулира пред конфликтот во Украина, како и да настојува да го намали учеството на Вашингтон во меѓународните работи.

„Да бидеме јасни по тоа прашање, особено во однос на Украина. Пристапот на Доналд Трамп би значел капитулација“,рече Харис.

Според демократскиот претседателски кандидат, „изолацијата е токму она што го сака Трамп, односно напуштање на НАТО, оставање на пријателите на Америка зад себе“.

Харис даде слични изјави за време на телевизиска дебата во септември.

Трамп потоа возврати дека неговата противничка во претседателската трка, и покрај тоа што се сретнала со украинското раководство на безбедносната конференција во Минхен на почетокот на 2022 година, не успеала да го спречи избувнувањето на борбите во Украина и дека Путин „би седел посреќен во Москва отколку што е сега“.

Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември.