Трамп: Кина нема да ме провоцира затоа што нивниот претседател „ме почитува и знае дека сум луд“

78
EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Кина нема да се осмели да го испровоцира доколку победи на изборите, бидејќи претседателот Си Џинпинг знае дека е „луд“.

Во разговор со уредничкиот одбор на Волстрит журнал, Трамп рече дека доколку биде избран за претседател следниот месец, ќе воведе драконски царини за Кина ако се обиде да го блокира Тајван.

„Би им рекол: Ако одите во Тајван, извинете што морам да го сторам тоа, но ќе ве оданочам од 150 до 200 отсто“, рекол Трамп, пренесе Би-би-си.

Во текот на кампањата, Трамп постојано повторуваше дека американските противници нема да дејствуваат против американските интереси доколку тој е претседател, бидејќи би се плашеле од силен, па дури и непредвидлив одговор.

Тој изјави за Вол Стрит Журнал дека нема да има потреба да користи воена сила за да спречи блокада на Тајван бидејќи „кинескиот претседател Кси го почитува и знае дека е луд“.

Со своите ветувања дека ќе води трговски војни и ќе стави крај на учеството на САД во руско-украинската војна, Трамп ја означи својата надворешна политика како „Америка на прво место“, а критичарите ја етикетираат како изолационистичка.