Трамп: Кина и Виетнам смислуваат како да им наштетат на САД, нo не им замерувам

1042

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во понеделникот дека лидерите на Кина и Виетнам се состанале за да смислат како да им наштетат на Соединетите држави, но дека тој не ги смета за одговорни за тоа.

„Не ја обвинувам Кина, не го обвинувам Виетнам“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба на Белата куќа.

Кинескиот претседател Си Џинпинг во понеделникот повика на посилни врски со Виетнам во трговијата и синџирите на снабдување во време на прекин поради американските царини.

Неговата посета на Виетнам доаѓа кога Пекинг се соочува со американски царини од 145 отсто, а Виетнам преговара за намалување на најавените американски царини од 46 отсто, кои треба да стапат на сила во јули по глобалниот мораториум.

Откако Си се сретна со виетнамскиот лидер То Лам, двете земји потпишаа десетици договори за соработка, вклучително и договори за подобрување на синџирите на снабдување и за железничка соработка, пренесува Ројтерс.

Кинеските и виетнамските државни медиуми објавија дека се потпишани 45 договори. Содржината на договорот не е откриена и не е јасно дали тие вклучуваат финансиски или обврзувачки договори.

ИЗДВОЕНИ