Повторувајќи многу тези кои ги изнесе во последиве денови, како и онаа што ја спомна неговата портпаролка претходно денеска, Трамп рече: „Имавме разговори со многу, многу земји“, кои сакаат да преговараат за царините.
„Нашиот проблем е во тоа што не можеме да разговараме со толку многу земји одеднаш. Но не мораме, бидејќи царините се тука и парите доаѓаат на ниво какво што никогаш претходно не се виделе“, додаде тој.
Трамп исто така тврдеше дека извршните директори на индустријата изразиле желва за отворање фабрикио и фирми во САД, каде што нема да бидат подложени на царини.