Трамп: Ќе се случи пекол ако Хамас не ги ослободи заложниците до инаугурацијата на 20 јануари

463

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска предупреди на дополнително зголемување на тензиите во Украина и на Блискиот Исток, каде, како што рече, „ќе се случи пекол“ доколку Хамас наскоро не ги ослободи израелските заложници.

На прес-конференција во неговата резиденција во Мар-а-Лаго, Трамп предупреди дека „ќе се случи пекол на Блискиот Исток“ доколку Хамас не ги ослободи израелските заложници до неговата инаугурација на 20 јануари.

„Тоа нема да биде добро за Хамас и нема да биде добро, искрено, за никого. Пеколот ќе се ослободи. Не морам да кажам повеќе, но тоа е тоа“, рече Трамп, пренесе Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година никогаш не требаше да се случи, а неговиот избран специјален пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, рече дека преговарачите напредуваат во договорот за заложници.

Во исто време, Трамп ја критикуваше преговарачката тактика на претседателот Џозеф Бајден кога е во прашање конфликтот меѓу Русија и Украина, предупредувајќи дека конфликтот сега е „многу покомплициран“ и може да ескалира.

Трамп рече дека „знае“ дека рускиот претседател Владимир Путин ќе биде подготвен да се сретне со него, но тоа, како што рече, нема да се случи пред неговата инаугурација на 20 јануари.

„Тоа е војна која никогаш не требаше да се случи. Ви гарантирам, ако јас (тогаш) бев претседател, таа војна никогаш немаше да се случи“, повтори Трамп.

ИЗДВОЕНИ