„Мислам дека Украина сака да направи договор бидејќи нема избор“, им рече Доналд Трамп на новинарите во Овалната соба. Исто така, мислам дека Русија сака да постигне договор затоа што на некој друг начин, што само јас го знам – и тие немаат избор.
Како што беше претходно објавено, делегацијата на САД во моментов планира средба со украинските претставници во Саудиска Арабија.
На прашањето дали планира и тој да ја посети таа земја и да се сретне со Владимир Путин, Трамп одговори: „Не знам, не можам да ви кажам“, рече тој, а потоа додаде: „Одам во Саудиска Арабија“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека в понеделник заминува во Саудиска Арабија на средба со престолонаследникот Мохамед бин Салман.
„Потоа, мојот тим ќе остане во Саудиска Арабија за да работи со нашите американски партнери“, додаде Зеленски во објавата на социјалните мрежи.
Следната недела во Ријад треба да се одржи американско-украинска средба.