Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Иран со бомбардирање и дополнителни царини доколку Техеран не постигне договор со Вашингтон за својата нуклеарна програма.
Трамп рече дека американските и иранските претставници разговараат, но не даде повеќе детали.
„Ако не склучат договор, ќе има бомбардирање. Но, постои шанса ако не постигнат договор, јас исто така да им ставам дополнителни царини како пред четири години“, изјави Трамп за NBC News.
Во неговиот прв мандат од 2017 до 2021 година, Трамп ги повлече Соединетите држави од договорот од 2015 година меѓу Иран и светските сили со кој се поставуваат строги ограничувања, според Ројтерс, на спорните нуклеарни активности на Техеран во замена за укинување на санкциите.
Трамп, исто така, повторно воведе огромни американски санкции и оттогаш Иран далеку ги надмина договорените граници во својата ескалирана програма за збогатување ураниум, соопшти агенцијата.
Техеран досега го отфрли предупредувањето на Трамп дека ќе се соочи со воени последици доколку не постигне договор. Иранскиот претседател Масуд Пазахстани денеска изјави дека Техеран отфрла директни разговори со Вашингтон.