Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп одби да ја отфрли можноста за воена или економска акција како дел од неговата желба да ја врати американската контрола врз Панамскиот канал и да го преземе Гренланд, најголемиот остров во светот, под контрола на Данска, пренесе Хина.
Запрашан на прес-конференција за избегнување употреба на воена или економска принуда во Панама и Гренланд, Трамп одговори: „Не, не можам да ве убедам ниту во едното ниту другото. Но, можам да го кажам ова, ни требаат за економска безбедност“.
Неочекуваната изјава на Трамп доаѓа две недели пред тој повторно да влезе во Белата куќа на 20 јануари. Трамп, исто така, најави дека ќе го промени името на Мексиканскиот залив во Американски залив и ги повтори своите ветувања дека ќе воведе тешки царини за Мексико и Канада.
„Зафаќа голема територија. Американски залив, колку убаво име“, истакна тој.
Претходно тој најави и дека Денали, највисокиот врв во Северна Америка, ќе биде преименуван во планината Мекинли.
Поранешниот демократски претседател Барак Обама го смени името на тој врв на Алјаска во чест на домородното американско население.
Географските имиња обично ги дава Американскиот одбор за географски имиња, иако претседателите тоа го направиле со извршна наредба.
Прес-конференцијата на Трамп, негова втора по победата на изборите на 5 ноември, дојде еден ден откако Конгресот ја потврди неговата изборна победа.