Трамп ја затвора клучната НАТО база на Балканот!

134
EPA-EFE/ALEXANDER DRAGO

Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ја затвори воената база на НАТО во Александрополис, во североисточна Грција, во регионот на Тракија, пишува грчкиот весник „Демократија“.

Оваа база одигра клучна улога во логистичките операции за испорака на оружје во Украина и другите источноевропски земји.

Според грчкиот весник „Демократија“, администрацијата на Трамп наредила итна ревизија на оправданоста и потребата за продолжување на работата на базата во Александрополис, која претходно беше обезбедена од грчката влада за време на мандатот на Џо Бајден за транспорт на војници и оружје во Украина.

„Американската влада одлучи итно да ја разгледа одржливоста и потребата за продолжување на работата на базата во Александрополис, што беше одобрено од грчката влада за потребите на администрацијата на Бајден, пред се за снабдување на Украина со оружје во конфликтот против Русија“, се вели во текстот.

Одлуката на Трамп да ја затвори базата е резултат на заедничкото барање на рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Според грчкиот печат, базата го изгубила своето значење за САД поради позитивните резултати од американско-руските преговори за ставање крај на конфликтот во Украина, кои се одржаа во Ријад.

Во текстот се наведува дека со овој потег американскиот претседател го „разочарува својот сојузник“, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, но истовремено „го исполнува заедничкото барање на Путин и Ердоган“.

Турција постојано изрази незадоволство од работата на базата на НАТО во Александрополис. Затворањето на базата може да значи и губење на довербата на Вашингтон во Грција како сигурен сојузник во Алијансата, пишува Демократија.

ИЗДВОЕНИ