Новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, изјави дека верува оти воената состојба во Украина треба да заврши што е можно поскоро.
– Верувам дека оваа воена состојба треба да заврши што е можно поскоро, бидејќи бројот на загинатите, и Русите и Украинците, е страшен – изјави Трамп за Тајм.
Трамп истакна дека ако тој беше претседател кога започна конфликтот во 2022 година, војната во Украина немаше да се случи. Тој ја критикуваше употребата на американски ракети и нагласи дека тоа е голема грешка што само ја влоши војната и севкупната ситуација.
Трамп се осврна и на конфликтот на Блискиот Исток, а добрата вест е што тој верува дека проблемот таму е полесно да се реши отколку во Украина и Русија.
Во интервјуто, новоизбраниот претседател најави и „голема дискусија“ за завршување на програмата за вакцинација на детството со Роберт Кенеди Јуниор, кого го назначи за секретар за здравство и човечки услуги.
– Ќе разговараме за тоа. Стапката на аутизам е на ниво на кое никој не веруваше дека е можно. Нешто го предизвикува. На крајот сме од истражувањето што го правиме, ќе знаеме што е добро, а што не – рече Трамп.