Трамп ја опиша како „добра“ средбата меѓу Путин и Виткоф во Москва: Очекувам Украина веднаш да го потпише договорот за минерали

31

Трамп рече дека работата за постигнување мировен договор меѓу Русија и Украина оди „непречено“, додавајќи дека е уверен во идниот успех на преговорите.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот специјален пратеник Стив Виткоф, кој ја посети Русија, имал „добар состанок“ со рускиот претседател Владимир Путин.

Трамп рече дека работата за постигнување мировен договор меѓу Русија и Украина оди „непречено“, додавајќи дека е уверен во идниот успех на преговорите.

Тој исто така нагласи дека очекува Киев „веднаш“ да го потпише договорот за минерали.

Средбата меѓу Путин и Виткоф во Москва траеше околу три часа. Претходниот пат Путин и Виткоф се сретнаа во Санкт Петербург на 11 април.

По средбата, Кремљ соопшти дека денешниот разговор овозможил дополнително приближување на позициите на САД и Русија.

Помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков истакна дека важна точка на разговор е можноста за директни преговори меѓу Украина и Русија.

ИЗДВОЕНИ