Американскиот претседател Доналд Трамп не сака да префрли дополнителни системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ на Киев, дури и ако за тоа добие 50 милијарди долари (44 милијарди евра) од европските фондови.
Тој одби таков профитабилен договор и во исто време упати нови обвинувања против украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави УНН повикувајќи се на BILD, пренесува Индекс.хр.
Имено, како што пренесуваат украинските медиуми, на Украина итно и се потребни нови системи за противвоздушна одбрана за да ги спречи руските напади.
Бидејќи само САД произведуваат ракети „Патриот“, а претседателот Трамп уште пред да ја преземе функцијата јасно стави до знаење дека повеќе не сака да и помага на Украина бесплатно, украинскиот претседател сега се обиде да најде нов начин да добие помош.
Со помош на европските фондови и замрзнатите руски средства, Зеленски сакаше да купи стотици ракети „Патриот“ од САД за голема сума – по цена од по 5,5 милиони евра.
Пред три дена изјави дека за ова може да се издвојат вкупно 50 милијарди долари (44 милијарди евра).
„Дајте ни пакет кој вклучува противвоздушна одбрана и други релевантни алатки и ние ќе платиме за тоа“, рече Зеленски.
„Знаете, тој секогаш сака да купува проектили. Но, гледате, кога започнувате војна, треба да знаете дека можете да ја победите. Не можете да започнете војна против непријател кој е 20 пати поголем, а потоа да се надевате дека некој ќе ви даде проектили“, рече Трамп претходно за време на прес-конференција.