Трамп ја обвини Русија за кражба на американскиот проект

33
EPA-EFE/ALLISON ROBBERT

Русија го украде проектот за хиперсонични ракети од САД за време на мандатот на поранешниот претседател Барак Обама, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Фокс њуз.

Според него, тоа се случило поради „протекување на документација“.

„Русија го украде проектот, тие го добија од нас. Некој лош човек им го даде проектот… Тие го украдоа за време на администрацијата на Обама, а не на Бајден. Иако очигледно украдоа многу од Бајден, ќе слушнеме и за тоа“, рече американскиот претседател.

Трамп најави и дека САД ќе развијат суперсонични ракети кои ќе бидат „многу подобри“ од руските, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ