Трамп ја избра свршеницата на својот син за амбасадорка во Грција

31

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп ја избра Кимберли Гилфојл, поранешна водителка на Фокс њуз и свршеница на неговиот син Доналд Трамп Помладиот, за нова американска амбасадорка во Грција.

Гилфојл е свршена со Трамп Џуниор од декември 2020 година, а Трамп на „Truth Social“ рече дека е блиска пријателка и сојузник долги години и дека е „совршено квалификувана“ да ги подобри односите меѓу САД и Грција, со фокус на областите како што се одбранбената соработка, трговијата и економските иновации, објави Ројтерс.

Гилфојл не е единствениот назначен на позиција што има семејни врски со Трамп.

Во ноември, Трамп ги објави плановите да го номинира Чарлс Кушнер, таткото на неговиот зет Џаред, за амбасадор во Франција, и да го номинира Масад Боулс, свекорот на неговата помлада ќерка Тифани, за советник за Блискиот Исток.

Трамп го избра и својот долгогодишен пријател Том Барак за амбасадор во Турција.

 

ИЗДВОЕНИ