Трамп испрати жестока порака: „Му испраќам на Израел се што е потребно да ја заврши работата“

49

Американскиот претседател Доналд Трамп објави порака на социјалната мрежа „Truth Social“ до палестинската милитантна група Хамас, која сè уште држи заложници кои беа киднапирани на 7 октомври 2023 година за време на упадот во Израел.

„’Шалом Хамас’ може да значи или здраво или збогум – можете да изберете. Ослободете ги сите заложници сега, не подоцна, и веднаш вратете ги сите тела на мртвите луѓе што ги убивте или ќе биде готово за вас. Само болни и изопачени луѓе чуваат тела, а вие сте такви! Му праќам на Израел се што му треба за да ја заврши работата, ниту еден член на Хамас нема да биде безбеден доколку не го сторите тоа што ви го кажувам. Само што се сретнав со вашите поранешни заложници чии животи ги уништивте. Ова е последното предупредување! За лидерството- сега е време да ја напуштите Газа, додека сеуште имате шанса. Исто така, до жителите на Газа: ве очекува убава иднина, но не ако држите заложници. Ако го сторите тоа, мртви сте! Донесете паметна одлука. Веднаш ослободете ги заложниците сега или подоцна ќе ја платите цената!“, напишал Трамп на својот профил.

ИЗДВОЕНИ