Трамп има „последна понуда“ за ставање крај на војната во Украина

100

Вашингтон му ја претстави на Киев, како што рече американскиот претседател Доналд Трамп, „конечна понуда“ за ставање крај на украинскиот конфликт, според извештајот на „Аксиос“.

Меѓутоа, од друга страна, официјален Кремљ ја повика јавноста да не донесува предвремени заклучоци и да се потпира на официјални извори кои се запознаени со деталите од преговорите меѓу САД и Русија.

Документот од една страница, кој САД им го претставија на украинските власти во Париз минатата недела, го опишува како „конечниот предлог“ од претседателот Доналд Трамп. Белата куќа инсистира на тоа дека е подготвена да се повлече доколку страните наскоро не склучат договор.

Предлогот на Трамп ќе бара големи отстапки од украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој претходно ја отфрли можноста за прифаќање на руската окупација на Крим и делови од четири региони во источна Украина, забележува „Аксиос“.

ИЗДВОЕНИ