Трамп им нуди пари на државните службеници да дадат отказ

33
EPA-EFE/WILL OLIVER

Претседателот Доналд Трамп понуди откупни пакети на речиси сите федерални работници кои не сакаат да се вратат на работа.

Станува збор за голем потег дизајниран да ја намали американската владина администрација.

Во елекронска пошта испратена до милиони вработени во вторникот, администрацијата на Трамп им пишала на работниците дека треба да одлучат до 6 февруари дали сакаат да бидат дел од „програмата за одложена оставка“.

Доколку се согласат да ги напуштат работните места до тој датум, се вели во пораката, тие ќе добијат плата за осум месеци како отпремнина. Администрацијата на Трамп очекува до 10% од вработените да ја прифатат понудата, или околу 200.000 административци.

Високи функционери на Трамп за американските медиуми изјавија дека ваквиот потег ќе и заштеди на владата до 100 милијарди долари.

ИЗДВОЕНИ