Американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на федералните затвори да сместуваат затвореничките – трансродови жени во машки затворски установи и да ги прекинат медицинските третмани поврзани со промена на полот.
Овие потези беа наведени во извршната наредба што Трамп ја издаде во понеделникот по преземањето на функцијата, објави Њујорк Тајмс.
Директивата за трансродовите жени во затвор се применува и за притворените мигрантки.
Застапниците на трансродовите лица и затворениците ја критикуваа наредбата на Трамп, велејќи дека нејзиното спроведување ќе доведе до силување и физички напади врз трансродовите жени.
Во САД има околу 1.500 федерални затвореници кои се трансродови жени.
Од околу 144.000 машки затвореници во САД, има 750 трансродови мажи.
Трансродовите луѓе сочинуваат помалку од еден процент од возрасните во САД, според Институтот Вилијамс, истражувачки центар на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес, пренесува Танјуг.