Трамп и вештачката интелигенција во фокусот на Светски економски форум

11

Светската политичка и економска елита денеска се собира во швајцарскиот зимски центар Давос на годишниот Светски економски форум (СЕФ).

На овогодишниот собир ќе присуствуваат околу 900 извршни директори и 60 претседатели и премиери.

Официјалната програма вклучува разговори и панели за сајбер-криминал, вештачка интелигенција и технолошки промени, под мотото „Соработка за интелигентна доба“.

Но, набљудувачите веруваат дека овогодишниот состанок повеќе од сè ќе биде преокупиран со враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа и прашањата за неговите потези во неговиот втор претседателски мандат.

Трамп претходно најави дека ќе воведе царини за увоз од Кина и други големи трговски партнери, од кои повеќето ќе бидат претставени на СЕФ.

Трамп беше првиот американски претседател кој лично присуствуваше на форумот за време на неговиот мандат. Во четврток, 78-годишниот Трамп повторно ќе зборува во Давос, но преку видеоврска.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува да зборува денеска, истиот ден со германскиот канцелар Олаф Шолц.

ИЗДВОЕНИ