Германскиот канцелар Олаф Шолц и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, во телефонски разговор се согласиле дека руската војна против Украина „трае предолго“, соопшти денеска германската влада.
„Неопходно е да се вклучиме што е можно побрзо на патот кон праведен, еднаков и траен мир“, рекоа двајцата официјални лица во разговорот, додаде германската влада.
Германскиот канцелар Шолц потврди дека ќе продолжи да ја поддржува Украина во нејзината војна против руската агресија се додека е потребно.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на самитот на ЕУ во Брисел ги повика Европејците да се обединат меѓу себе, но и со САД, на чело со Доналд Трамп во јануари, нагласувајќи дека трансатлантската соработка е неопходна за да се придвижи кон траен мир во Украина.