Целиот свет вечерва со неверување ги следеше настаните во Вашингтон, каде изби скандал, по што украинскиот претседател Володимир Зеленски ја напушти Белата куќа по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот заменик Џеј-Ди Венс.
На социјалните мрежи се појави видео од Овалната соба, при што Трамп и Венс ги здружија силите за да го нападнат Зеленски затоа што не носел костум:
„Зошто не носите костум? Вие сте на највисоко ниво во оваа земја и одбивате да носите костум“, го праша Венс малку збунетиот Зеленски и продолжи:
„Дали поседувате костум? Многу Американци имаат проблем затоа што не го почитувате достоинството на оваа канцеларија“.
Zelensky addresses clothing. pic.twitter.com/DTAxyTkcAs
— Daily Mail Online (@MailOnline) February 28, 2025
Потоа следеше видно огорчен одговор на Зеленски:
„Ќе облечам костум кога ќе заврши оваа војна. Можеби како твојот. Можеби подобар, не знам. Ќе видиме, можеби поефтин“, одговори украинскиот претседател.
Потоа Трамп зеде збор.
“Ми се допаѓа вашата облека. Мислам дека тој е одлично момче. Не знам дали вие си се допаѓате едне на друг“, рече американскиот претседател, кој изгледаше расположен и подготвен за шега.
На тоа одговори Зеленски:
„Имам многу поважни работи да направам отколку да одговорам на овие прашања. Ќе одговорам на многу посериозни прашања ако можам“.