Претседателот на САД, Доналд Трамп го укина правото на заштита од Тајната служба за децата на поранешниот претседател Џо Бајден – Хантер и Ешли.
– Хантер Бајден подолг период имаше заштита од Тајната служба, а сето тоа го плаќаше американскиот даночен обврзник. Ве известувам дека, веднаш штом стапи во сила, Хантер Бајден повеќе нема да има заштита од Тајната служба. Исто така, Ешли Бајден, која има тим од 13 агенти, ќе биде отстранета од списокот, објави Трамп на платформата „Трут соушл“.
Одлуката уследи неколку часа откако Трамп беше прашан за обезбедувањето на Хантер Бајден од страна на Тајната служба. Тој изјави дека не знае за тоа, но оти ќе ја провери информацијата.