Интервјуто на Доналд Трамп со Опра Винфри од 1988 година се споделува на социјалните мрежи бидејќи тогаш зборувал она што сега го спроведе на дело. Во разговорот, Трамп упати остри критики за нефер трговските практики и сојузниците како Јапонија и Кувајт.
– Сојузниците мора да го платат својот фер дел. Ние сме нација на должници. Нешто ќе се случи со оваа земја во наредните години затоа што не можеме да продолжиме да губиме двесте милијарди долари секоја година додека и дозволуваме на Јапонија да влезе и да ги фрли сите свои производи на нашиот пазар. Тоа не е слободна трговија – изјавил тогаш.
Donald Trump on the Oprah Winfrey show in 1988. He was right about everything. pic.twitter.com/Jm3I58ILzU
— End Wokeness (@EndWokeness) August 22, 2024
Неговите критики за јапонските трговски практики биле директни.
– Ако одите во Јапонија и се обидете да продадете нешто, заборавете на тоа. Тоа е речиси невозможно. Тие немаат закони против тоа, но само го оневозможуваат.
Трамп се осврна и на Кувајт, обвинувајќи ја оваа земја дека ја користи американската поддршка без соодветна компензација.
– Кувајт, тие живеат како кралеви. Најсиромашните во Кувајт живеат како кралеви, а сепак не плаќаат. Им овозможуваме да си ја продаваат нафтата. Зошто не ни плаќаат дваесет и пет проценти од заработеното. Ова што се прави е шега – изјавил тогаш Трамп.
Запрашан од Опра Винфри дали некогаш ќе се кандидира за претседател, Трамп рече дека веројатно нема да се кандидира, но изрази фрустрација од начинот на кој САД се третирани во меѓународната трговија. Тој истакна дека му е доста да гледа како се експлоатира државата и дека е задоволен од она што моментално го работи. Сепак, тој додаде дека верува дека би победил доколку некогаш се кандидирал за функцијата бидејќи никогаш не влегува во трка за да изгуби.
– Ако работите тргнат толку лошо, никогаш не би го исклучил тоа целосно. Навистина сум уморен од тоа што и се случува на оваа земја. И да се кандидирам, мислам дека ќе победам. Не би влегол во трката доколку загубам – рече тој.
Реакциите на предлозите на Трамп од 1988 година беа поделени меѓу неговите сојузници и противници, одразувајќи ги различните ставови за неговата критика на меѓународната трговска политика.
Ставовите на Трамп за нефер трговските практики од Јапонија и другите земји одекнаа кај некои економисти и индустриски лидери кои споделија загриженост за влијанието на јапонската конкуренција врз американското производство, особено во електрониката и автомобилскиот сектор. Во тоа време, многумина предвидуваа дека Јапонија може да ги престигне САД како водечка светска економија, што дополнително ќе ја поттикне поддршката за неговите предлози за царини.
Економистите на слободниот пазар ги критикуваа предлозите на Трамп како протекционистички и потенцијално штетни за долгорочниот економски раст. Тие веруваа дека царините може да ги зголемат трошоците за потрошувачите и да предизвикаат одмазда од другите земји, што дополнително ќе ги загрози американските извозници.
Реториката на Трамп дека сојузниците ги „искористуваат“ САД предизвика загриженост кај меѓународните партнери. Неговите сугестии сојузниците „да го платат својот фер дел“ може да ги нарушат дипломатските односи и трговските договори, коментираа тие тогаш.
Како претседател, Трамп го спроведе токму она што го предложи во 1988 година: воведе тешки царини за увоз од речиси целиот свет.