Трамп го откри рецептот за крај на војната меѓу Русија и Украина

1030

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, преку видео врска се обрати на Светскиот економски форум во Давос, држејќи го својот прв голем говор пред политичките лидери.

Во оваа прилика Трамп го откри својот предлог кој може да го запре конфликтот меѓу Русија и Украина.

Тој го повика ОПЕК да ја намали цената на нафтата, велејќи дека тоа ќе стави крај на руската војна во Украина.

Трамп се сврте кон меѓународните цени на нафтата, поврзувајќи ги директно со руската инвазија на Украина.

Трамп рече дека ќе побара од Саудиска Арабија и ОПЕК да ја намалат цената на нафтата, истакнувајќи дека е изненаден што не го сториле тоа пред изборите.

– Тоа не покажа многу љубов бидејќи не го направија тоа. Бев малку изненаден од тоа. Ако цената паднеше, војната меѓу Русија и Украина веднаш ќе завршеше – рече тој.

– Во моментов цената е доволно висока за да се продолжи оваа војна. Мора да ја намалите цената на нафтата. Може да ставите крај на таа војна – додаде тој.

Трамп, исто така, ги пофали извештаите дека Саудиска Арабија ќе инвестира 600 милијарди долари во САД. Тој рече дека ќе побара од кралството да го заокружи на 1 трилион долари.

ИЗДВОЕНИ