Трамп го одржа првиот состанок на неговиот кабинет, му дозволи на Маск прв да се обрати: Потврдена средбата со Зеленски в петок/ВИДЕО

117
EPA-EFE/Mohammed Badra

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го одржа првиот состанок на неговиот кабинет во Белата куќа.

На состанокот присуствуваше и милијардерот Илон Маск, најбогатиот човек на светот, кому Трамп му го довери раководењето со Министерството за ефикасност на владата. Трамп му дозволи на Маск прв да се обрати на состанокот.

Трамп потврди дека во петок ќе има средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој изјави дека тој и Зеленски „ќе потпишат договор кој ќе биде многу важен“.

Тоа е договор за минералните суровини на Украина. Тој исто така истакна дека „добро соработуваат со Русија“ и го пофали неговиот тим за „одлична работа“ во овој поглед.

Трамп посочи дека претходната администрација ги ставила САД во „многу лоша позиција“.

„Но, успеавме да постигнеме договор каде ќе ги добиеме нашите пари и ќе добиеме многу повеќе пари во иднина“, рече Трамп.

ИЗДВОЕНИ