Трамп го оцени бомбардирањето во Украина како „ужасно“, но не ја обвини директно Русија

228
EPA-EFE/SUMY REGION PROSECUTOR'S

Американскиот претседател Доналд Трамп го оцени нападот во Суми во североисточна Украина, во кој загинаа 34 лица, а 117 беа повредени, како „ужасен“, но не ја обвини директно Русија.

„Мислам дека тоа е страшно. И ми кажаа дека згрешиле. Но, мислам дека тоа е страшна работа“, изјави синоќа американскиот претседател за новинарите.

Запрашан да разјасни што сака да каже со грешката, Трамп рече: „Тие направија грешка… ќе мора да ги прашате“, без да прецизира на кого точно се мисли или за каква грешка се работи, пренесе агенцијата Франс прес.

„Ова е војна на Бајден. Тоа не е моја војна“, рече тој, мислејќи на поранешниот претседател Џо Бајден, додавајќи: „Само се обидувам да ја прекинам оваа војна за да можеме да спасиме многу животи“.

ИЗДВОЕНИ