Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, го номинираше републиканскиот сенатор од Флорида, Марко Рубио, за државен секретар во неговата идна администрација.
Рубио некогаш беше критичар на Трамп, но еволуираше во еден од неговите најверни бранители. Сега тој треба да стане министер за надворешни работи на САД.
Овој познат конзервативен сенатор има силни ставови за Кина, Куба и Иран, а летово беше во блискиот круг за копретседател на Трамп. Во таа битка, писателот Џеј Ди Венс од Охајо излезе како победник.
На Капитол Хил, Рубио е потпретседател на Комитетот за разузнавање на Сенатот на САД. Тој е и член на Комитетот за меѓународни односи на Сенатот.
Тој е еден од сенаторите кои бараат поостар однос кон Кина и на чија мета е социјалната мрежа „ТикТок“, бидејќи е во сопственост на компанија од Кина.
Рубио и другите сенатори – и републиканци и демократи – веруваат дека Пекинг, со оглед на неговата кинеска сопственост, може да побара и да добие податоци за корисниците на „ТикТок“ од компанијата кога ќе посака.
„Тој ќе биде силен застапник за интересите на нашата нација, вистински пријател на нашите сојузници и бестрашен воин кој никогаш не отстапува од нашите противници“, рече Трамп за Марк Рубио во изјавата со која го објави неговиот избор за државен секретар.
Трамп ова го соопшти при враќањето во родната Флорида од Вашингтон со авион, каде што се сретна со американскиот претседател Џозеф Бајден и разговараше со него за предавање на власта.