Трамп го губи трпението со Русија, има големи планови, тврди финскиот претседател

49
EPA-EFE/MIKKO STIG

Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека му порачал на американскиот претседател Доналд Трамп дека мора да се постави краен рок за прекинот на огнот во Украина вистински да се постигне.

„20 април би било добро време за целосен прекин на огнот без никакви услови… Затоа што е потребен рок, затоа што е Велигден и затоа што Доналд Трамп тогаш ќе биде на функција три месеци“, им рече Стуб на финските новинари во Лондон.

Стуб дојде во ненадејна посета на Флорида за да се сретне со Трамп. Тие разговараа за зајакнување на билатералното партнерство на нивните земји и одиграа голф, соопшти канцеларијата на Стуб.

Откако ја презеде функцијата во јануари, Трамп се фокусираше на завршување на, како што ја нарекува, „лудата“ војна во Украина. Претходно оваа недела, Соединетите Држави објавија посебни договори со Украина и Русија за да ги прекинат нивните напади во Црното Море и врз енергетски цели.

Стуб им рече на новинарите дека трпението на Трамп со Русија е при крај и дека САД имаат „далекосежни“ планови доколку Русија не прифати прекин на огнот.

Трамп денеска се закани дека ќе воведе секундарни царини од 25 до 50 отсто за целата руска нафта доколку добие впечаток дека Москва ги блокира неговите напори да стави крај на војната.

ИЗДВОЕНИ