Трамп го доби она што го сакаше од Зеленски: Вашингтон и Киев потпишуваат договор

1180

САД и Украина ќе потпишат договор за украинските ретки минерали.

Соединетите Американски Држави и Украина постигнаа договор за ретките минерали  и наскоро ќе потпишат договор што предизвика жестока расправија меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, пишува Фајненшл тајмс. Договорот би можел да биде потпишан во четврток, на 28 февруари.

Украинските власти потврдија за ФТ дека Киев сега е целосно подготвен да потпише договор за заеднички развој на минерални суровини, вклучувајќи нафта и гас. САД се откажаа од првичното барање за потенцијален приход од 500 милијарди долари од нивната експлоатација.

Самиот договор не содржи безбедносни гаранции, но украинската страна смета дека постигнале подобри услови од претходните недели. Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано нагласи дека е важно двете земји да соработуваат тесно и дека САД мора да бидат еден од факторите за стабилност и гаранција за долготраен мир во Украина.

„Договорот за минерали е само дел од поголемата слика. Постојано слушнавме од американската администрација дека тоа е дел од поголем план“, рече Олха Стефаншина, вицепремиер и министер за правда на Украина.

За потсетување, првиот круг од мировните преговори меѓу американската и руската делегација се одржа во Ријад, Саудиска Арабија. Европа и Украина во моментов се исклучени, а Доналд Трамп минатата недела јавно го навреди Володимир Зеленски на неговата социјална мрежа „Вистина“.

ИЗДВОЕНИ