Трамп ги ублажува царините во автоиндустријата

15

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп планира да го намали влијанието на царините за автомобилите, со олеснување на одредени давачки за увозните делови што се користат во возилата произведени во Соединетите Американски Држави (САД), истовремено задржувајќи ги тарифите за странските автомобили, пренесува Ројтерс.

„Претседателот Трамп гради важно партнерство и со домашните производители на автомобили и со американските работници“, рече министерот за трговија на САД, Хауард Латник.

Според него, ова е голема победа за трговската политика на Трамп, бидејќи ги наградува компаниите што произведуваат во САД, а истовремено им дава простор на производителите што ветиле дека ќе инвестираат во земјата и ќе го прошират производството.

ИЗДВОЕНИ